Курц бара датум за членство на Западен Балкан во ЕУ

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц синоќа во Љубљана истакна дека Австрија би сакала датум за проширување на ЕУ за земјите од Западен Балкан.

– Ако нема датум, тогаш тоа често значи дека темпото се забавува, рече Курц во изјавата за новинарите пред денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан.

Тој оцени дека е позитивно што се одржува Самитот ЕУ-Западен Балкан и дека постои заложба на Унијата за проширување, а на прашањето за шпекулациите дека францускиот претседател Емануел Макрон нема да ја смени својата цврста позиција за проширување на ЕУ пред претседателските избори, Курц рече дека таквиот пристап го смета за погрешен.

Курц изрази задоволство што повторно се одржува директна средба со претставниците на земјите од Западен Балкан, потсетувајќи дека последниот таков состанок беше во 2018 година, пред пандемијата.

Би можело да ве интересира

Почна новата кампања за економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан

А1он

Ескобар: Македонија и Албанија да ги започнат преговорите со ЕУ пред крајот на годинава

А1он

Китинг: Според САД, Западен Балкан е геостратешки регион

А1он

Димитров: За ЕУ е многу поскапо да го игнорираат Балканот отколку сериозно да се ангажираат и да ни помогнат да го направиме европски

А1он

Дендиас: Европејците треба да им понудат јасна пристапна перспектива на земјите од Западен Балкан

Ана Ололовска

Израел најави изградба на околу 1.300 куќи во еврејските населби на Западниот Брег