Крвава пресметка меѓу Албанци и Пакистанци во затвор во Грција

Од:

Во грчкиот затвор со висок степен на безбедност во Домокос, дошло до крвава пресметка меѓутројца затвореници Албанци и исто толку Пакистанци.

Затворениците во тепачка, што се случила во блокот Е2 користеле импромизирани ножеви. При инцидетот, двајца од Пакистанците се здобиле со сериозни повредени, а третиот минал со полесни рани. Полесно повредениот е сместен во болницата во Домокос, додека двајцата Пакистанци со потешки повреди се пренесени во болницата во Ламија.

Според албанските медиуми, благодарение на интервенцијата на затворските чувари инцидентот не завршил со потешки последици.

Затворениците Албанци често предизвикуваат инциденти во затворите во Грција, влегувајќи во физички пресметки со други осуденици, вклучувајќи и нивни сонародници.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит