Жители на чешкиот град Кладно, кој се наоѓа дваесетина километри западно од Прага, биле непријатно изненадени кога во една улица забележале огромен крокодил.
Тие веднаш ја повикале полиција која го блокирала плоштадот и открила дека крокодилот бил заборавен од вработените на циркусот кој од градот заминал за време на викендот.
Полицијата стапила во контакт со чуварите во циркусот и со нивна помош успеале да го „уловат“ крокодилот.