Кризниот штаб утре ќе одлучува за нови мерки во Србија

Од:

Овој петок во 15 часот ќе се одржи седница на Кризниот штаб на Србија за борба против коронавирусот.

На него ќе се разгледува епидемиолошката состојба, откако веќе неколку дена се бележи петцифрена бројка на новозаболени.

Денеска се пријавени рекордни 13.753 нови случаи на Ковид-19, а од почетокот на неделата тој број изнесува околу 13.000 новозаразени дневно.

Лекарите предупредуваат дека претходните денови поради ширењето на сојот омикрон бил зголемен притисокот врз амбулантите, што може да се забележи и на сѐ подолгите редови пред нив.

Микробиологот Миланко Шеклер оценува дека Србија сè уште не го достигнала врвот кога станува збор за бројот на новозаразени и апелира да се најде решение, бидејќи дијагностичките капацитети се ограничени и пренатрупани, како и брзата помош.

Поради ваквата состојба, многу градови ги откажаа масовните прослави на православната Нова година.

Сепак, според медиумите, не се очекуваат нови епидемиолошки мерки, иако медицинскиот дел од Кризниот штаб најверојатно ќе инсистира на 24-часовни пропусници за коронавирус, скратување на работното време на продавниците и намалување на бројот на лица кои се дозволени во затворени простории.

Кризниот штаб треба да донесе одлука за училишниот распуст, а медиумите наведуваат дека распустот најверојатно нема да биде продолжен и наставата ќе продолжи на 24 јануари. Според нивните информации, би можело да се одлучи децата до петто одделение да имаат комбинирани часови, а другите средношколци онлајн настава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници