Кривокапиќ: Мојата визија за Црна Гора е реформирање на државата

Од:

Мандаторот за состав на новата влада во Подгорица, Здравко Кривокапиќ, изјави дека визијата на одредени политички лидери во Црна Гора е едноставна замена на министрите во владата, додека неговата визија, како што истакна тој, се „промените и реформите“.

„Ако сакаме да бидеме фер, треба да знаеме дека не е важно во овој момент дали некој лидер ќе биде во новата влада, туку како таа влада ќе работи и како ќе ја проектираме иднината на Црна Гора. Тоа е разликата во перцепција. Нивната визија е замена, а мојата визија е промена и реформа. Ако замената е мерка за тие лидери, тогаш, верувајте ми, не можам да прифатам дека некој лидер ќе биде во таа влада“, рече Кривокапиќ.

Кривокапиќ истакна дека нема никаква обврска кон било кој политички лидер во државата.

„Секој во Црна Гора знае дека Андрија Мандиќ сигурно не ме назначи за носител на списокот. Јас немам обврска кон било кој политички лидер, или кон бил кој. Немам врска со ниту еден тајкун, иако тие со сето срце сакаат да го изразат тоа. Она што е вистина е дека тие луѓе што ги претставуваат ги виделе како тајкуни, а јас не“, рече Кривокапиќ.

Тој додаде дека на новата влада треба, заради проблемите присутни во Црна Гора, да и се дадат 200 дена да покаже одредени резултати, а не 100 дена како што тоа е вообичаено.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време