Кривични пријави за премиерорт заради враќање на двојазичните табли во Вуковар

Од:

Штабот за одбрана на хрватски Вуковар ќе поднесе кривични пријави против хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и министрите во владата, заради злоупотреба на службената положба, бидејќи на зградата на државните институции се вратени двојазичните плочи, што насила беа симнати на 23 септември.

Пријавата се однесува и за министерот за внатрешни работи Ранко Остоиќ, министерот за управа Арсен Баук и шефот на жупаниската Канцеларија за државна управа, Горан Бошњак, како и против „непознати соучесници“, заради непочитување на одлуката на Уставниот суд за постапување со поставувањето на двојазични натписи во Вуковар, се наведува во оваа десничарска организација.

Снежана Патко, членка на Стожерот (штабот), на прес конференција изјави дека Милановиќ и министрите со своето однесување директно ја предизвикуваат уставната криза.

Таа потсети дека Уставниот суд го забрани референдумот за кирилицата, што беше инициран од Штабот, а до законските измени, Влада не смее со присилни мерки да спроведува одредби од важечкиот закон во Вуковар.

– Се надеваме дека државното обвинителство под итно ќе реагира и на оваа кривична пријава, како што регаираше против лицата кои на 23 септември ја симнаа противзаконски поставената плоча, кога беа приведени, порача Патко, пренесува Хина.

Таблите со латинично-кириличните натписи тогаш насилно беа симнати од шест згради и му беа предадени на градоначалникот Иван Пенави, додека таблата од седиштето на Полициската станица Вуковар беше искршена, и истиот ден беше заменета со нова.

Претставниците на хрватските власти уште тогаш објаснија дека Уставниот суд во својата одлука истакна дека не смее да се поставуваат нови табли, до усвојување на законските решенија, што не значи дека тие што во тој момент биле поставени смеат да се симнуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски