Ако надвладее чувството за национална одговорност во Бугарија може да се состави влада од експерти и со поддршка за јасно формулирана програма, изјави во Брисел еврокомесарот Кристалина Георгиева.
Таа ја даде оваа изјава по тесната победа на Бојко Борисов на изборите во Бугарија и комбинаториките околу изборот на новата Влада.
Таа дополни дека пред Бугарија стојат две големи задачи: првата е да се работи на стимулирање на економијата и на создавањето работни места, бидејќи тоа не е само наш проблем, туку и насекаде во Европа.
Луѓето, кои ќе влезат во владата, сигурна сум, знаат што треба да се направи, второ, го знаеме значењето на малиот и среден бизнис за создавањето работни места, изјави еврокомесарот.