Кредиторите загрижени за одржливоста на грчкиот долг

Од:

Кредиторите на Грција, кои се согласија за третата финансиска помош за земјата, се „сериозно загрижени“ во врска со одржливоста на грчкиот јавен долг, се вели во анализа на одржливоста на долгот објавена од некои странски агенции на кои се повикуваат грчките медиуми.

„Високиот долг по БДП и бруто потребите од финансирање кои произлегуваат од овие анализи укажуваат на сериозна загриженост во врска со одржливоста на јавниот долг на Грција“, се вели во анализата и се додава дека се потребни далекусежни реформи за решавање на проблемите.

„Накусо, соодветна комбинација на продолжување на рокот на доспевање и грејс период за главниците и каматите ќе овозможи долгот на Грција да се врати назад на одржливо ниво во услови кои се потребни за бруто финансирање, без потреба за номинални намалувања како што беше наведено на Евро самитот од 12 јули“, стои во документот кој се пренесува во Грција.

Според анализата, приватизацијата до 2022 година треба да донесе 13,9 милијарди евра. Кредиторите очекуваат грчката економија годинава да се намали за 2,3 отсто, а за 1,3 отсто следната година, пред да се врати на 2,7 отсто раст во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит