Кралот и кралицата на Холандија во официјална посета на Грција

Од:

Кралот Вилем- Александер и кралицата Максима на Холандија од денеска се во тридневна официјална посета на Грција на покана на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

На првиот ден од посетата планирано е, освен со Сакеларопулу, да остварат средби со градоначалникот на Атина Костас Бакојанис, со омбудсманите на Грција и Холандија и да го посетата Акропол, додека пак утре ќе учествуваат на тркалезна маса за насилството врз жените, ќе посетат средно училиште, прифатни центри за деца бегалци, како и детска онколошка клиника.

Рано утрово, кралот и кралицата положија цвеќе на споменикот на Незнајниот војник пред грчкиот парламент по што следеше и средбата со Сакеларопулу.

Кралот и кралицата на Холандија доцна синоќа пристигнаа во Атина и ги пречека шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас,а официјалната посетата на Грција ќе ја завршат в среда во Солун.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

ВИДЕО: 46 килограми кокаин откриени во контејнер за банани во пристаништето во Солун

Катерина Ѓуровски