Котромановиќ: Хрватска нема никаква врска со програмата на ЦИА

Од:

Хрватскиот министер за одбрана Анте Котромановиќ категорично ги отфрли денеска медиумските написи дека Хрватска има некаква врска со програмата на американската Централна разузнавачка служба (ЦИА), демантирајќи ги тврдењата за слетување на авиони на ЦИА во Хрватска.

Тој нагласи дека за време на неговиот мандат тоа не се случувало, дека нема информации дека се случувало претходно, но дека сепак за тоа треба да се прашаат поранешните министри за внатрешни работи и одбрана.

По неколкугодишниот притисок и барања во американскиот Конгрес објавен е извештај за најсуровите техники на измачување, кои ги применувала ЦИА, а британскиот весник „Индепендент“ објави и листа од 54 земји во кои тоа се случувало или кои соработувале со ЦИА по ова прашање, на која е наведена и Хрватска.

Станува збор за извештај за противтерористичките мерки, кои ги спроведувала ЦИА врз припадници на терористички организации за време на мандатот на поранешниот американски претседател Џорџ Буш.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски