Потпретседателот на движењето Двери, Иван Костиќ, изјави дека Србија, во согласност со дипломатскиот договор потпишан со Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, треба официјално да побара помош и вклучување на Русија во заштитата на Србите на Косово, како и зачувување на територијалниот интегритет на земјата.
„Сметаме дека дојде време српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот Ивица Дачиќ конечно да направат нешто кога станува збор за можностите за вклучување на Русија во меѓународните преговори во кои учествуваат претставници на САД и на Европската унија и кои речиси секогаш ги бранат интересите на албанската страна“, најави Костиќ.