Коста не покажувал ни малку каење: Момчето кое го изврши масакрот во училиштето на полицајците мирно им кажало се

Од:

Момчето не се кае за злосторството што го направил. На полицијата мирно и кажал се што и како планирал – вели извор на „Блиц“.

Коста Кецмановиќ (13) кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ кажал дека сам ги направил молотовите коктели кои му биле пронајдени во ранецот.

Татко му редовно го носел на стрелиште, многу вежбал и одлично стрелал, а доказ е дека го застрела чуварот од 14 метри далечина – додава изворот на „Блиц“.

Според медиуите Коста пријавил насилство во глумачка школа ДКЦ пред две години, кога бил петто одделение.

– Пријател од групата го удрил, по што му пукнала усната. Од Центарот за социјална работа одговорија дека бил напишан извештај и родителите биле повикани на разговор. Ова е единственото насилство што е пријавено врз Коста Кецмановиќ.

Медиуите пишуваат дека Коста подолго време одел на посета кај психолог.

Според информациите од полицијата, полицајците по апсењето го прашале Коста во автомобилот дали знае што направил, на што тој одговорил:

„Убив, убив најмалку осум луѓе, а најмногу 25!

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата