Оружјето со кое ги уби децата и чуварот во училиштето „Владислав Рибникар“ Коста Кецамновиќ го зел од куферот на татко му за кој ја знаел шифрата.
Тој внимателно го подготвувал масакрот потврдува еден детал од истрагата. Два дена пред масакрот ја исклучил надзорната камера која била насочена токму кон делот од собата каде што стоело оружјето пишува српска Република според извор упатен во истрагата.
Оружјето било во куфер за кој Коста ја знаел шифата бидејќи станува збор за куфер кој семејството често го користело.
Според изворот на Република, идејата за исклучувањето на камерата ја добил од серијата „Криминални умови“ која му била омилена вели изворот кој додава дека Коста знаел оти полицијата ќе ги прегледа камерите и сакал да остави што помалку траги.
Дополнително истрагата потврдила и дека имал список на деца кои сака да ги убие како и детална мапа на училиштето. На спискот имало „приоритетни лица“ кои му биле први за убивање. На мапата било јасно одредено како да влезе во училиштето и како да го изведе походот.
Во компјутерот, истражните органи пронашле дека тој го проучувал и Кривичниот законик на Србија за да утврди до која возраст е границата за да може да има кривична одговорност.
Вечерта пред масакрот гледал филм за масовно убиство во американско училиште.