Косовското собрание денеска ги потпиша законите за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС и формирање специјален суд за истрага на воените злосторства извршени од припадници на ОВК, а кои се наведени во извештајот на Дик Марти.
Законите беа изгласани со 89 пратеници „за“, 22 „против“ и двајца воздржани.
Според усвоениот закон мисијата на ЕУЛЕКС на Косово е продолжена до јуни 2016 година со исклучок на специјалната истражна работна група.
Специјалната истражна работна група е основана во 2011 година, за истрага на воените злосторства што се споменуваат во извештајот на Дик Марти, а сега тие задачи се предаваат на специјален суд.