Косовското обвинителство покрена истрага против градоначалникот кој спомна братоубиство

Од:

Основното обвинителство во Митровица покрена истрага во врска со изјавата на градоначалникот на јужниот дел од подолениот косовски град, Агим Бахтири, кој предупреди на „братоубиствен конфликт“ доколку во Косово се формира влада без патијата на премиерот во оставка Албин Курти, Движењето Самоопределување (ВВ).

Информацијата во изјава за медиумите ја потврди главниот обвинител на Обвинителството во Митровица, Шиќири Сиља, кој изјави дека попладнево полицијата го привела на испитување градоначалникот Бахтири, поради сомневање дека извршил кривично дело „предизвикување омраза“.

– Основното обвинителство во Митровица ја овласти полицијата да изврши истрага и да ги интервјуира сведоците, изјави Сиља.

Бахтири, кој беше избран на чело на Митровица како кандидат на сегашната опозиција а тогашна власт, додека пред октомвриските парламентарни избори се приклучи на партијата на Курти, предупреди на „братоубиствен конфликт“ доколку без ВВ, како партија победничка на изборите, се формира ново мнозинство во Собранието на Косово.

– Новата влада ќе се формира кога ќе се одржат изборите и секому ќе покажеме каде му е местото. Нова влада нема од 6 октомври до избори, не влегувајте во братоубиствен конфликт, бидејќи ние немаме намера да дозволиме некој да ни ја украде власта, порача препладнево Бахтири.

Партијата на Курти се дистанцира од изјавата на митровичкиот градоначалник, порачувајќи дека во моментов приоритет ѝ е борбата против пандемијата на коронавирусот.

Арлинд Маџука од службата за информирањње на ВВ изјави за порталот „Газета експрес“ дека во актуелната ситуација нема потреба од конфликти во земјата.

– Во моментов сме целосно ангажирани околу пандемијата на Ковид-19 и штом се истреби вирусот и се вратиме во нормала, согласно Уставот, ќе се оди на нови избори, како што сме изјавиле и порано. Немаме потреба од никаков конфликт. Заедно со граѓаните на државата, со нашата заедничка дисциплина, ќе ја надминеме и пандемијата и секој друг проблем, изјави Маџука.

Косовскиот претседател Хашим Тачи повтори денеска, по средбата со амбасадорите на петте највлијателни држави акредитирани во земјата, САД, Велика Бриатнија, Германија, Италија и Франција и амбасадорката на мисијата на Европската унија во Приштина, дека неделава ќе одржи консултации со парламентарните партии, со цел формирање нова влада на Косово, откако минатата среда Собранието му изгласа недоверба на кабинетот на Курти.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски