Косовските Срби почнаа да се враќаат во државните институции

Од:

Србите од северните општини на Косово почнаа да се враќаат во државните институции, кои ги напуштија пред две години, по барање на Српската листа, пишува приштински Коха.

Имено, според нивните сознанија, Централната изборна комисија (ЦИК) преку јавен конкурс ангажирала извршни службеници на Општинските изборни комисии (ОИК) на местата испразнети со оставките на сите локални и централни институции.

„Функционални се сите општински изборни комисии, вклучително и оние во општините Звечан, Зубин-Поток, Северна Митровица и Лепосавиќ, кои својата дејност ја вршат во државните објекти. ЦИК избра четворица извршни службеници на општинските изборни комисии во овие општини по спроведеното јавен конкурс“, се вели во писмениот одговор од ЦИК до Коха.

Функционери се Бојана Орловиќ во Звечан, Ѓорѓе Петровиќ во Лепосавиќ, Чедомир Ѓордевиќ во Зубин Поток и Ивана Компировиќ во Северна Митровица.

„Сега процесот е завршен. Во овие општини беа избрани четворица функционери, но тие не се единствените. Поддршка ќе дадеме и преку четири општини во регионот“, рече Аријанит Елшани, член на ЦИК.

Mинатиот месец претседателот на Србија, Александар Вучиќ, откако властите во Приштина ги затворија паралелните српски институции на север, повика на реинтеграција на Србите на северот на Кoсово, барајќи владата во Приштина да им овозможи на оние кои поднесоа оставки да се вратија на своите работни места. Приштина одговори дека таквиот потег би бил неуставен и дека тие позиции ќе бидат пополнети со конкурс.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски