Косовските надлежни служби го вратија осумгодишниот Ерион од Сирија

Од:

На приштинскиот аеродром, синоќа пристигна осумгодишниот Ерион Сина, кој пет месеци заедно со неговиот татко Арбен беше на боиштата во Сирија.

Неговото враќање дома го овозможиле косовските власти заедно со членови на неговата фамилија. Претседателката Јахјага врз основа на нејзините уставни надлежности и во соработка со премиерот Хашим Тачи, ја одобрила акцијата на косовската тајна служба за пронаоѓање и враќање на детето во Косово.

Детето без знаење на неговата мајка, татко му Арбен го однел со себе во Сирија, каде заминал да војува за џихадистите. Пред да го земе детето со себе, сопругот Арбен  на Пранвера  и рекол дека со синот ќе оди за викенд во неговото родно село. Дури кога стигнале во Сирија и се јавиле дека се таму. Мајката Пранвера постојано апелираше да и се помогне детето да си го врати дома.

На малиот Ерион на аеродромот освен неговата мајка, добредојде му поскала и претседателката Атифете Јахјага, која ја поздравила успешната акција на косовската тајна служба за враќање на детето и им се заблагодарила на агентите од името на сите граѓани на Косово.

Таа упатила апел до сите граѓани на Косово да не се придружуваат на странски каузи, туку да придонесат за напредок и развој на нивната земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее