Косовските лекари бараат плата од 1.500 евра

Од:

Косовските лекари бараат месечна плата идентична со пратениците или 1.500 евра за да не работат и во приватниот сектор. јави дописникот на МИА.

Ваквоот барање прозлегува од анкетата спроведена од Федерацијата на синдикатот на здравствотвото. Претседателот на ова асоциација, Блерим Сула, вели дека здравството треба да биде приоритет за Владата,имајќи го во предвид неговото значење.

– Лекарите во Косово, специјалисти или не, без оглед дали работат во примарното, секундарното или терцијалното здравство добиваат идентична плата. Најдобро решение е да се изврши нивелирање на платите врз основа на степенот на завршено образование. Тогаш лекарите ќе изберат меѓу приватното и јавното здравство. Косово е уникатен случај бидекјќи платата на лекарите во државните инситуции е линеарна, вели Сула.

Месечната плата на лекарите специјалисти во Косово изнесува околу 600 евра, додека средномедицинскиот кадар има плата од околу 300 евра. Лекарите во јавното задравство не се задоволни од моментната финансиска сосојба и поради тоа се почесто работат и во приватните здравствени институции.

Косовските пратеници имаат месечна плата од над 1.500 евра, а користат и дополнителни материјални средства за секоја нивна активност. Месечната плата на другите категории граѓани во Косово се движи од 130 до 400 евра.

Како последица на ниските плати и неповолните услови во здравствениот сектор, само во последните три години Косово го напуштиле над 400 лекари. Тие главно се вработени во земјите од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска