Косовските имами апелираат да не се оди во Сирија и Ирак

Од:

По зачестените вести за убиства на Косовци и други Албанци на боиштата во Сирија и Ирак, косовските имами упатија апел до граѓаните да не заминуваат во овие две блискоисточни земји, бидејќи, според нив, заминувањето во војна надвор од државата е лошо толкување кое и се прави на религијата.

Како што јави дописникот на МИА, имамот од Косовска Митровица, Екрем Авдиу изјави дека лицата чија смрт е потврдена во Сирија не им се познати и не биле дел од Исламската верска заедница на Косово.

Како што пренесува „Зери“, тој додава дека странските војни се бесмислени и немаат ништо заедничко со верата, само што таа се злоупотребува.

Имамот Зухди Хајзери од Пеќ пак вели дека не треба да се оди во Ирак и Сирија, бидејќи идеите на екстремистичките групи со кои се привлекуваат младите Албанци не се идеи кои се базираат на исламската религија.

Апел низ солзи до сите Косовци да не одат во Сирија и Ирак упатија и родителите на Синан Муја од Гњилане, убиен деновиве во Ирак, чија млада сопруга и тригодишната ќерка се уште се во Сирија. Тој на домашните им рекол дека оди на работа во Црна Гора, но таа му била само транзит за да одлета за Турција. Подоцна разбрале дека тој со семејството всушност е во Сирија. Снаата им ја кажала веста за смртта на синот, но за својата и судбината на ќерката не кажала ни збор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее