По покана на албанскиот преиер Еди Рама, во посета на Тирана денеска ќе престојува неговиот косовски колега Иса Мустафа.
Ова е негова прва посета на Албанија и воопшто посета на друга земја, по стапувањето на должност,на почетокот на декември лани.
Според соопштението од неговиот кабинет, заедно со Мустафа ќе бидат и двајцата владини потпретседатели Хашим Тачи и Кујтим Шаља.
Освен средбата со неговиот домаќин, премиерот Мустафа ќе биде примен и од шефот на албанската држава Бујар Нишани, претседателот на парламентот Илир Мета,а ќе се сретне и со лидерот на опозициските демократи и акуелен градоначалник на Тирана,Љуљзим Баша.
За време на престојот во Тирана премиерот Иса Мустафа исто така ќе реализира средби и со други познати личности од политичкиот и академски живот на Албанија, стои во соопштението од неговиот кабинет.
Наку, за 23 март најавена е заедничка седница на владите на двете земји.