Косовскиот Парламент вчера со 69 гласови „за“, два против и два воздржани усвои Резолуција за стопирање на илегалната миграција на косовските граѓани.
Подготвувањето на ваков документ било подржано од сите парламентарни групи, но на гласањето не учествувале пратениците од Српска листа, во знак на незадоволство од разрешувањето на српскиот министер за заедници и враќање во косовската Влада, Александар Јаблановиќ.
Најактивни во дискусијата биле пратениците од Демократската партја на Косово, на Хашим Тачи, кои побарале сите инситуции максимално да се ангажираат во надминување на проблемот со масовната миграција.
Резолуцијата ја поддржале и пратениците од движењето „Самоопределување“. Во име на овој политички субјект пратеничката Албулена Хаџиу изјавила дека ова е едно од најитните прашања кои треба да се решат.
Илегалната миграција на косовските граѓани станува се помасовна, со загрижувачки размери. Според одредени податоци само во минатиот месец Косово го напуштиле 20 илјади лица.