Косовскиот Парламент ја одложи одлуката за формирање вооружени сили на Косово

Од:

Косовскиот Парламент го одложи за утре разгледувањето на прашањето за формирање на вооружени сили на Косово.

Парламентот со 33 гласови „за“ и два „против“ се изјасни за одлагање на точката, која беше на дневен ред на денешната седница.

Одлагањето на дебатите по оваа точка беше предложено од претседателите на парламентарните групи на Демократската партија на Косово и на Алијансата за иднината на Косово, Адем Грабовица и Ардијан Џини.

Претседателот на Парламентарната група на Демократскиот сојуз на Косово, Исмет Беќири изјави дека за неговата партија прашањето не претставува проблем и оти кога ќе дојде на дневен ред во Парламентот, нејзините пратеници ќе гласаат „за“.

Српските пратеници претходно изјавија дека се против формирањето на косовска армија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска