Косовски медиуми: Во јануари првото обвинение за воени злосторства за поранешен командант на ОВК

Од:

Обвинителството на Специјалниот суд на Косово ќе го покрене првото обвинение за воени злосторства од страна на припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), за што пред Обвинителството во Хаг веќе е повикан еден поранешен командант на ОВК, тврдат косовските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, станува збор за Рустем Мустафа – Реми, командант за Подујевската област, поранешен пратеник во косовското Собрание, кој во 2015 година беше осуден на четири години затвор заради нехумано однесување кон заробени албански цивили во војната во 1999 година.

Информацијата дека на Мустафа му е доставен повик за распит и дека ќе отпатува во Хаг на 14 јануари 2019, ја потврди неговиот адвокат Арианит Коци.

– Со овластување од мојот клиент Ве информирам дека г. Мустафа доби повик на 14 јануари 2019 година да се јави во Канцеларијата на специјалниот обивнител на Косово (ЗПС) во Хаг. Се работи за покана за интервјуирање. Г. Мустафа ќе се јави доброволно и е подготвен да ја појасни секоја околност која ЗПС ја истражува, напиша Коци на Фејсбук, замолувајќи ги новинарите да не му се јавуваат на Мустафа.

Порталот „Газетеа Експрес“ објави дека на распит во Хаг се повикани најмалку тројца поранешни припадници на ОВК, но освен на командант Реми, не го открива идентитетот на останатите.

Ова се први активности на ЗПС од нејзиното основање, со одлука на Собранието на Косово, во август 2015 година. Со посебен закон, Специјализираните комори, како што официјално се нарекува ЗПС, се основаа со цел да судат одредени злосторства сторени на територијата на Косово од 1 јануари 1998 до 31 декември 2000 година. Во јавноста оваа институција се нарекува „Суд за злосторствата на ОВК“.

Пред три месеци на чело на ЗПС беше именуван американскиот обвинител Џек Смит, кој најави дека наскоро ќе бидат отворени и првите предмети.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина