Косовски медиуми: Покана од Специјалниот суд за Весели, а се подготвува и за Тачи

Од:

Специјалниот суд за воени злосторства извршени од ОВК испратил покани и до актуелниот претседател на косовското Собрание и лидер на ДПК, Кадри Весели, објави „Газета Блиц“.

Тоа го тврди пратеникот на Иницијатива за Ксово, Милијам Зека. Тој вели дека поканата стигнала во Приштина, но не е сигурен дали Весели ја примил.

– Не знам дали поканата му е врачена на Весели. Но повик од Специјалниот суд пристигна во Приштина, вели Зека.

„Газета Блиц“ наведува дека се обиделе да добијат коментар од кабинетот на Весели или неговата партија, но никој не бил подготвен да одговори.

Политичките советници на Весели одговорија дека нема да ги коментираат наводите на Зека.

Зека тврди дека покана може да очекува и претседателот на државата Хашим Тачи и дека тој веќе ангажирал адвокати.

– Судот е направен исклучиво за Хашим Тачи, а не за вас, новинарите или мене. Може тој да направи и 100 договори со Србија, но не може да побегне од Специјалниот суд, вели Зека.

Тој додаде и дека Тачи два или три пати имал контакти со претставниците на Специјалниот суд.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина