Косовската Влада одлучи денеска да формира комисија, која ќе ја разгледа можноста за отпишување на сите долгови на граѓани и фирми кон институции и државни претпријатија од 1999 до 31 декември 2008 година.
– 2008. беше година на големи промени на Косово, прогласена беше независност, усвоен беше Уставот и законите почнаа да се применуваат, изјави министерот за финансии Авдулах Хоти, кој нагласи дека сега на косовските граѓани им треба нов почеток, да се ослободат од минатото и да се посветат на иднината.
Тој прецизираше дека во рок од еден месец комисијата ќе направи оценка на долговите кон даночната служба и царинците и неплатени сметки за струја, вода, греење и отпад.
Хоти истакна дека таа мерка се применува со цел да се олесни дејноста на фирмите и животот на граѓаните на Косово.