Косовската Влада на Шара ќе расправа за владината програма

Од:

Владата на Косово се собира денеска во планинскиот центар Превала на Шар Планина, на работен состанок на кој ќе ја хармонизира сопствената програма.

Ова е прва седница од ваков вид на кабинетот на Албин Курти.

Во Превала, во близина на зимскиот центар Брезовица, утрово се видени како пристигнуваат Курти, вицепремиерите Авдулах Хоти и Хаки Абази, како и неколку други министри.

Ниеден од членовите на владата не прифати да зборува за медиумите, но претходно вицепремиерот Хоти преку својот Фејсбук информира дека на Шара ќе се расправа за програмата за работа на владината коалиција.

– Денеска на работна средба на Шара со целиот владин кабинет, на расправа за Програмата на владата 2020-2023. Во оваа програма целосно се одразува коалицискиот договор, каде што се специфицирани мерките кои ќе ги преземеме за зголемување на вработеноста, за сеопфатна социјална грижа, за квалитетно образование и здравство, ред и закон за сите, поддршка за земјоделството, силна дипломатија, грижа за нашето иселеништво и други прашања, напиша Хоти.

Би можело да ве интересира

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

О’Брајан: Го повикуваме Курти и неговата влада да прекинат со некоординираните акции

Горан Наумовски