Косовската претседателка Вјоса Османи во посета на Турција

Од:

Претседателката на Косово, Вјоса Османи отпатува денеска во официјална посета на Турција, на покана од нејзиниот турски домаќин, Реџеп Таип Ердоган, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението од кабинетот на Османи, за време на престојот во Истанбул таа ќе оствари средби со тамошните стопански комори, со претставници на бизнисите и со претставници на албанската заедница во Турција. На овие средби Османи ќе ја придружува делегација на косовски стопанственици, со цел да ги разгледаат можностите за соработка со турските бизниси.

Во продолжение на посетата, косовската претседателка ќе отпатува во Анкара, каде што ќе се сретне со нејзинио домаќин, претседателот Ердоган, со кого ќе разговара за билатералните односи меѓу двете држави, а ќе ги разгледаат и можностите за проширување на соработката.

Освен со Ердоган, Османи ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Турција, Мустафа Шентоп, како и со руги високи претставници на турската држава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски