Косово воведе санкции кон лица и организации од Белорусија

Од:

Владата на Косово донесе денеска одлука за спроведување на санкциите кои ги воведе Европската унија кон 183 лица и 26 организации од Белорусија кои се поврзани со режимот на белорускиот претседател, Александр Лукашенко, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти службата за информирање на косовската Влада, санкциите подразбираат замрзнување на нивните средства во Република Косово, забрана за патување и забрана за лица и фирми во Косово да овозможуваат користење на фондови, на директен или индиректен начин, за санкционираните лица и организации.

– Владиниот кабинет ја усвои одлуката за спроведување санкции воведени од Советот на Европската унија кон 183 лица и 26 организации од Белорусија кои се поврзани режимот на белорускиот претседател, Александр Лукашенко. Санкциите подразбират замрзнување на средствата во Република Косово, забрана за патување и забрана за лица и фирми во Косово да овозможуваат користење на фондови, на директен или индиректен начин, за санкционираните лица и организации, се вели во соопштението на Владата на Албин Курти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува