Косово официјално аплицираше за членство во Советот на Европа

Од:

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала официјално ја предаде денеска во Стразбур апликацијата на Косово за зачленување во Советот на Европа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во видео-пораката што ја објавија косовските медиуми, Грвала изјави дека „денеска започнува едно ново поглавје за Косово“.

– Денеска започнува едно ново поглавје за Косово во Советот на Европа. Деенеска започнува процедурата на разгледување на нашето барање, која поминува низ различни инстанци во СЕ, Парламентарното собрание и Министерскиот совет. Косово е најдемократска и најоптимистична земја во регионот, изјави Грвала.

Таа изрази уверување дека иницијативата ќе резултира со полноправно членство на нејзината држава во таа меѓународна организација.

– Косово заслужува да биде членка на СЕ и оваа процедура што ја започнавме денеска ќе заврши со полнопарвно зачленување на Косово во СЕ и со јакнење на правата на косовските граѓани и нивниот пристап до европските инстанци, рече Грвала.

Владата на Косово утрово одржа електронска седница на која принципиелно ја усвои иницијативата за зачленување на државата во СЕ.

Во СЕ членуваат 46 држави и за прием на нова членка потребни се гласовите не две третини од нив. Како што јавуваат медиумите во Приштина, надежите на косовските власти за прием во организацијата пораснаа по исклучувањето на Русија од неа.

СЕ е меѓународна организација за човекови права, демократија и владеење на правото, со седиште во Стразбур, Франција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски