Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, соопшти дека Косово и Србија постигнале договор за регистарските таблички.
Борел на Твитер напиша:
“Имаме договор! Со големо задоволство можам да соопштам дека главните преговарачи на Косово и Србија, со посредство на ЕУ, договорија мерки за да се избегне понатамошна ескалација и целосно да се концентрираат на предлогот за нормализација на нивните односи.
Договорот е постигнат на средбата на главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислимиј и Петар Петковиќ во Брисел, со посредство на специјалниот претставник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак. Средбата траеше речиси шест часа.
Косово ќе престане да ги казнува српските регистарски таблички, а Србија нема да издава таблички со ознаки на косовските градови.
„Ќе ги поканам страните во наредните денови да разговараат за следните чекори“, рече Борел.
Утре беше одложен рокот од 48 часа за почеток на изрекување глоби за возилата кои не се пререгистрирани од стари српски на РКС таблички.
We have a deal!
Very pleased to announce that Chief Negotiators of #Kosovo & #Serbia under EU-facilitation have agreed on measures to avoid further escalation and to fully concentrate on the proposal on normalisation of their relations.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) November 23, 2022