Косово денеска прима нови 515 илјади вакцини донација од САД

Од:

Министерството за здравство на Косово соопшти дека денеска ќе прими нова американска донација од 515.917 дози вакцини против Ковид 19 од призводителот Фајзер, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на МЗ се вели дека „вакцините се обезбедени од претседателот на САД, ЏО Бајден за народот на Косово“ и пристигнале во земјата преку механизмот КОВАКС.

На официјалната церемонија на примопредавањето на донацијата во Институтот за јавно здравство на Косово, што ќе се одржи попладнево, ќе присуствуваат претседателката на Косово, Вјоса Османи, премиерот Албин Курти, амбасадорот на САД во Приштина, Џеври Ховениер, шефицата на Тимот на Обединетите нации во земјата – УНКТ, Улрика Ричардсон и косовскиот министер за здравство, Рифат Љатифи.

Ова е трета донација на анти-ковид вакцини од САД за Косово преку програмата КОВАКС. Во март минатата година беа доставени првите 35 илјади, а во септември уште 503.100 вакцини.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски