Косово без одлука за аплицирање за членство во УНЕСКО

Од:

Косовскиот заменик министер за надворешни работи Ваљон Муртезај изјави дека се уште не е донесена конечна одлука за тоа кога Косово ќе аплицира за членство во УНЕСКО.

Муртезај истакна дека косовските институции, пред се Министерството за надворешни работи, интензивно работат на унапредување на досиејата за аплицирање, во однос на минатиот пат, додавајќи дека конечната одлука за тајминг на барањето се уште нема.

Според него, „многу околности треба да се анализираат, случувањата внатре во УНЕСКО, како и на Косово и во регионот, а се тоа влијае врз процесот“.

– Треба да бидеме внимателни да не се случи истата ситуација во која нема да успееме. Во случај да се аплицира вторпат, мора да имаме сигурни шанси дека ќе станеме членка, нагласи заменик шефот на косовската дипломатија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Македонската гајда шестото нематеријално културно добро впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток