Косовците продолжуваат да одат за Сирија

Од:

И покрај сите апели и предупредувња за високи затворски казни, младите Косовци и понатаму заминуваат за Сирија и за Ирак.

Косовската полиција на приштинскиот аеродром не му доволила да замине за Турција на Грамос Шабани од Милошево кај Обилиќ, поради основан сомнеж дека крајната дестинација на Косовецот со белгиско државјанство била Сирија за да сеприклучи на терористичките групи на Исламска држава. Тој со себе имал материјали во кои се искажува симпатија кон ИД. Веднаш му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Неговиот татко Истреф побарал од косовските органи да го ослобдат син му, зашто „знамето кое го носел со себе било од комерцијални побуди, за да го продаден некому“. Според него неговито син немал никакви контакти со терористички групи и заедно планирале да одат во Белгија.

Деновиве од аеродромот беше вратено шеснаесетгодишно момче од Витина, кое изјавило дека оди за Турција каде ќе го чекале некои луѓе за да го префлат во Сирија. Тоа било без родители, живеело со баба си и помалата сестра, во многу голема сиромаштија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее