Коштуница: Да се спречи воведување граници со Косово

Од:

Најголема должност на Србија е да спречи воспоставување граници со Косово. Тоа е најважната точка која ќе ја определи судбината на земјата, изјави лидерот на ДСС и поранешен српски премиер Војислав Коштуница, додавајќи дека преговорите со Приштина треба да се вратат под мандат на Советот за безбедност на ОН, согласно резолуцијата 1244.

– Силно се залагам Србија да испрати барање до СБ на ОН за прекин на преговорите под надзор на Брисел, а дијалогот да се врати под целосен мандат на Советот за безбедност, бидејќи така е одредено и со Резолуцијата 1244, нагласи Коштуница.

Оценувајќи дека границата „во секој случај е прашање над сите прашања“, Коштуница истакна дека доколку власта воспостави граница со Косово, тогаш веќе не е потребна никаква платформа, јави Танјуг.

Што се однесува до одлуката на Хашкиот трибунал да го ослободи Рамуш Харадинај, Коштуница одговори дека „на дело е сеопфатен и осмислен напад на западните сили врз Србија“.

Тој додаде дека „овој напад врз Србија се прикрива врз наводните добивки кои ги носат евроинтеграциите и доколку државата и целото општество не пронајдат вистински одговор на оваа опасност, ни се заканува тежок национален и државен пораз“.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ