Романското коњско месо стигна и до продажната мрежа во Грција, тврди грчкото издание „Весник на уредниците“, нагласувајќи дека по првите случаи кога во Ирска, Велика Британија, Шведска и Франција во замрзнати прехрамбени продукти од телешко месо беше откриена ДНК на коњи, скандалот сега тропа и на вратата на Атина.
Весникот наведува дека грчката агенцијата за контрола на квалитетот на храната открила примероци на коњско месо во два производи на француската компанија „Комижел“, кои се продавале во супермаркетите на „Карфур“ во Грција.
Според „Весник на уредниците“, ова месо потекнувало од Романија, од каде го купила холандска фирма, која пак го продала на кипарска компанија од која се снабдувал францускиот производител. Двата типа тестенини на „Комижел“ се продаваат во 16 земји од ЕУ.
Грчките експерти за храна посчуваат дека не можат да кажат дали ова месо е опасно по здравјето на луѓето, бидејќи нема сознанија дали тоа ги минало потребните ветеринарни проверки.