Коњевиќ: Криминалците на Балканот имаат успешна меѓусебна соработка

Од:

Криминалците на Балканот одлично соработуваат едни со други и институциите треба соодветно да одговорат на оваа ситуација, изјави црногорскиот министер за внатрешни работи Рашко Коњевиќ.

Тој најави формирање на специјална полициска единица, која ќе дејствува по наредба на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал, јави Танјуг.

Коњевиќ, кој учествува во проектот „Црна Гора на Твитер“, реализиран од Центарот за демократска транзиција, даде добра оценка за регионалната соработка.

– Ги разоткривме заедно некои од најтешките криминални дела во Црна Гора и Србија. Други криминални дела беа спречени преку размена на информации, објави министерот на Твитер.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време