Конгресмен Рохрабахер: Приштина го даде северот на Косово

Од:

Американскиот конгресмен, Дан Рохрабахер еден од иницијаторите за независноста на Косово, оцени дека по постигнување на бриселскиот договор, дека Приштина е губитник, бидејќи го изгуби суверенитетот на северот.

Тој во интервју за „Слободна Европа“ најпрвин им честиташе на сите кои што учестуваа во постигнувањето договор, вклучувајќи ја и американската администрација, истакнувајќи дека е најважно што двете страни седнаа на преговарачки стол, но додаде дека постигнатиот договор може лошо да влијае на односите во иднина.

-Кога внимателно ќе го погледнете договорот, ќе сфатите дека тој не ги содржи елементите за кои што може да се каже дека шират мир во тој дел. Напротив, јас ќе речам дека може да се поткопа можноста за мир-истакна тој.

Според него губитник во преговорите е Приштина, бидејќи не доби ништо, за она што се откажа.

-Приштина таму не доби суверенитет. Овој договор всушност го нарушува тоа, бидејќи тоа не може да се извршува. Косово всушност го даде северот – тврди Рохрабахер.


Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот