Во Берлин денеска се одржува состанок наречен „Балкански дијалози“ на кој ќе се разгледуваат европските перспективи на Западен Балкан и можностите за постигнување позитивен напредок во односите Белград-Приштина.
На настанот ќе учествуваат голем број политички лидери од нашиот регион, како и влијателни дипломати од САД, ЕУ, Германија и на академската заедница.
Собирот е во организација на Институтот Исток-Запад од Њујорк, Белградскиот фонд за политичка исклучителност и Минхенската безбедносна конференција.
Косово е централна тема на конференцијата, на која ќе бидат посветени две од четирите пленарни сесии.