Кон: Не ги разбирам аргументите на немедицинскиот дел од Кризниот штаб за отфрлање на предлогот за рестриктивни мерки

Од:

Епидемиологот и член на Кризниот штаб, Предраг Кон, изјави дека не ги разбира аргументите на немедицинскиот дел од Кризниот штаб, кој го отфрли предлогот за воведување рестриктивни мерки во борбата против епидемијата, додавајќи дека не може да го објасни тоа, јави дописникот на МИА од Белград.

-Не знам што беше контра-аргументот, особено за ковид пропусниците. Едноставно, не го разбирам и некој друг мора тоа да го објасни, изјави Кон за РТС.

Тој изјави дека медицинскиот дел од Кризниот штаб побарал на 10 дена работното време да се скрати до 17 часот и да се забранат јавните собири за повеќе од пет лица.

-Ова би спречило масовни инфекции на масовни настани и би се подготвиле за ковид пропусниците, што треба да се воведат, нагласи тој.

Кон кажа дека медицинскиот дел од Кризниот штаб побарал нивното одбиено барање да биде јавно објавено, што го направила премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Тој нагласи дека не разбираат зошто ковид пропусниците не беа воведени порано за одење во угостителски објекти и присуство на масовни настани, иако беше пронајдена рамка што не е во спротивност со Уставот на Србија.

-Не можам да си разјаснам самиот себе си што слушав и не сакам да згрешам, додаде тој.

Кон посочи дека заклучокот од денешниот едночасовен состанок на Кризниот штаб е дека нема друг излез од епидемијата освен вакцинацијата против коронавирусот.

-Како епидемиолог, имам право да им кажам на луѓето, ние во медицинскиот дел на Кризниот штаб не го баравме залуд

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ