Транспаренти со пораки против војната, против вмешаноста на Грција, но и против воените бази, рано утринава закачи на Акропол Комунистичката партија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
„Не за војната, никакво учество, не за базите на смртта“, пишуваше на двата транспарента, на англиски и грчки јазик.
Грчкиот Парламент денеска ќе расправа за ратификација на вториот обновен и изменет Договор за одбранбена соработка меѓу Грција и САД.
Фото: Комунистичка партија на Грција