Пратеничката група на ККЕ нема да учествува на претстојната специјална седница во Парламентот на која ќе говори претседателот Зеленски. Ова е најголемиот знак на солидарност со украинскиот народ, кој, за да биде вистински победник, мора да се ослободи и од руската инвазија и од владите од типот на Зеленски кои ги влечат во кланицата на империјалистичките ривалства и војни, соопштија од Комунистичката партија на Грција (ККЕ) во дописот до претседателот на Парламентот, Константинос Тасулас, јави дописничката на МИА од Атина.
Пратениците од ККЕ, детално ги објаснува причинита за нивната одлука да отсуствуваат од специјалната седницата закажана за следниот четврток на која преку видеоконференција говор ќе има претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Велат дека истиот став би го имале доколку во Парламентот беа поканети да зборуваат претседателот на Русија Владимитр Путин или претседателот на САД Џо Бајден и додаваат дека „осудата на неприфатливата инвазија и империјалистичката војна што Русија ја води на територијата на Украина, а во исто време солидарноста со народот на Украина немаат никаква врска со каква било поддршка за претседателот Зеленски“.
Сметаат дека и Зеленски е дел од проблемот, кој „се приклучи на страната на САД- НАТО- ЕУ, кој е одговорен и за војната и страдањата на народот на Украина“, а според пратениците на ККЕ тој е одговорени и „за кршење на работничките и народни права“, „за легитимирање на нацистичката пропаганда“, „за забрана на активностите на Комунистичката партија на Украина“, „за забрана на уште 11 опозициски партии“.,„за кршењето на правата на малцинствата кои живеат во Украина, вклучително и грчкото“.
Паралелно додаваат дека нивниот пратеник Јоргос Ламбрулис, кој е еден од потпретседателите на грчкиот Парламент, заедно со други партискипретставнии се карактериизирани како „непожелни личности“. (personae non gratae) од украинската Влада.
Извор: МИА