Колку лица настрадаа во поплавите?

Од:

Србија минатата недела се соочи со поплави какви што не се забележани во последните 120 години и кои зад себе оставија тешки последици.

Голем број луѓе останаа без своите домови и секој ден јавноста се соочува со нови вести за жртвите.

Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ рече дека до сега во поплавените подрачја, се пронајдени 33 жртви, од кои најмалку 13 починале од природна смрт.

Меѓутоа се уште сите не се пронајдени, така што се очекува оваа бројка да биде поголема.

Загрозени се 39 општини, а од 798 лица кои се водеа како исчезнати, пронајдени се 215, што значи дека за 583 се уште ништо не се знае.

Поради елементарната непогода, која што го зафати нашиот северен сосед, раселени се 31.871 лица од кои поголем дел се наоѓаат во некој од бројните прифатни центри.

Повлекување на реките во нивните корита, предизвика одрони, поради кои се урнаа голем број куќи. Вкупиот број на објекти, кои се урнати изнесува 1.763.

Дека водената стихија која што ја зафати Србија минатата недела беше безмилосна покажува и фактот дека се урнати триесет мостови, додека 200 се оштетени, а направена е штета и на дваесет патишта од прва и втора категорија.

Оштетувањата на Коридорот 10 кои ги предизвикаа обилните дождови и бројните одрони, според првите проценки изнесуваат повеќе од 10 милиони евра.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија