Колективен имунитет во Србија ако се вакцинираат 1.5 милиони жители

Од:

Масовната имунизација на најмалку 1,5 милиони жители на Србија обезбедува колективен имунитет што ќе биде доволен за да се спречат епидемиските бранови на коронавирусот вели српскиот епидемиолог и член на кризниот штаб, Предраг Кон.

Во порака на Фејсбук тој наведува дека за целосно сузбивање на коронавирусот потребен е колективен имунитет од над 80 проценти, односно да се вакцинираат до три милиони жители.

Според него, голем број (до 40 проценти) стекнале имунитет по контакт со вирусот, со тоа што прележале Ковид-19 или имале асимптоматска инфекција.

Тој посочи дека резултатот од масовната имунизација ќе зависи од одзивот на населението, но и од можноста тоа да не стане тема за поделби туку тема за лична заштита, но и солидарност.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ