Којо: Ни ги украде парите и можеби ќе одговара за тоа, но ни ја украде и радоста

Од:

Актерот Никола Којо рече дека дошол на протестот „Србија против насилството“ затоа што е против насилството во секоја смисла што се случува повеќе од 30 години, особено откако „дотичниот господин е на власт“. Тој посочи дека доаѓањето на протестот не е прашање на пари, туку дека овде е во прашање радоста и дека е убеден дека тоа се причините поради кои доаѓале луѓето.

„Овој човек успеа да ја украде радоста со неговиот мрак што се шири околу него и неговата интересна група. Украде пари и можеби ќе одговара за тоа, но ја украде радоста“, изјави актерот за N1.

Запрашан за денешната изјава на претседателот Александар Вучиќ дека актерите не треба да зборуваат за диктаторскиот режим во Србија, бидејќи доколку режимот беше диктаторски немаше да имаат можност ни да заработат пари, Којо рече дека таа изјава не ја слушнал бидејќи бил само денеска на сет.

„Ние сме акционери, тоа е државна компанија, а државата сме ние, а не тој“, истакна актерот.

Запрашан за вчерашната средба на СНС, вели дека поделеноста во општеството се намалува и дека тоа се гледа во бегањето на луѓето од вчерашниот собир. Тој додава дека овие луѓе се свесни дека така ги заработуваат своите две илјади динари.

„Жал ми е што не се вразумуваат и не размислуваат кој ги платил кога таа сметка ќе им дојде во раце. Лично, тоа е или од даноци или од задолжување“, рече Којо.

Би можело да ве интересира

Студентите за утре најавија блокади во Белград, кои ќе траат 24 часа

Спречен инцидент пред зградата на РТС

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Учесниците на протестот „Србија против насилството“ направија прстен околу РТС

Горан Наумовски

Се формира прстен пред РТС, граѓани кои бараат оставка од првиот човек на националната телевизија, се слушаат извици „Вучиќ оди си“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Илјадници граѓани излегоа на улица во Белград, се скандира „оставки, оставки“, се подготвува „прстен“ околу РТС

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дванаесети граѓански протест во Белград, формирана и Асоцијација на слободни одборници

Сандра Бошковска