„Коха Диторе“: Сто дена на „заспаната Влада“ на Иса Мустафа

Од:

Косовската Влада не остави некоја позитивна трага во првите сто дена, но затоа траги оставија реакциите на масата против неколкуте владини мерки што, пак, парализираа некои од најважните инстритуци, пишува дневниот весник „Коха Диторе“ по повод стоте дена на косовската Влада.

За повеќе од три месеца, откако ја презеде власта, премиерот Иса Мустафа се соочи со најголемата миграција на Косовци по војната како и со насилство на улиците.Се соочи и со протести, штрајк на наставници и рудари, а во последно време и на судии. Се соочува и со бојкот на Листата Српска, партнерот во Владата на Косово. Мустафа дури ја загуби и поддршката на четвртина од неговите пратеници од редовите на ДСК, наведува „Коха Диторе“, пренесува Танјуг.

Весникот додава дека денеска е точно стотиот ден на Владата, а премиерот Иса Мустафа и натаму не го комплетира својот кабинет со заменици министри. Владата што тој ја предводи спиеше во однос на косовското Собрание, бидејќи немаше процесуирани закони, а ни исполнување на задачите во процесот на интеграција.

Според пишувањето на весникот, во Владата одбиле да ги набројат успесите или неуспесите за стоте дена и најавиле дека за се јавноста ќе биде информирана во Собранието.

Извршниот директор на Групата за студиии, политика и правни прашања Фисник Кореница негативно ги оценува стоте дена на Владата, а директорот на Институтот „Риинвест“, Лумир Абдиџику вели дека трендовите во неколку сектори останаа исти како и во времето на минатата влада.

Лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, на прес конференција Владата на Иса Мустафа ја нарече  „Влада на спиење“, „Влада во пижами“, „Влада на мафија, на подземје и организиран криминал“.

-Оваа Влада ја уби надежта кај народот на Косово, ги поттикна протестите, незадоволството и заминувањето на граѓаните,  а ги поттикна и штрајковите заради лажните ветувања, рече Харадинај, а пренесува „Коха Диторе“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска