„Коха диторе“: Месечно околу 20.000 луѓе си заминуваат од Косово

Од:

Повеќе десетици автобуси со разочарани граѓани на Косово секојдневно заминуваат на пат кон западноевропските земји, така што месечно околу 20.000 луѓе ја напуштаат земјата во потрага за подобар живот, пишува весникот „Коха диторе“.

Весникот наведува дека само вчера од автобуската станица во Приштина заминале околу 500 жители на Косово. Земјата ја напуштале и жители од други косовски градови. Нивна дестинација се некои од земјите на ЕУ. Доколку Владата во Приштина не преземе мерки за спречување на оваа појава, Косово би можело месечно да има по едно гратче помалку, констатира „Коха диторе“.

– Четири туристички агенции работат секоја ноќ и по барање на патниците често се случува нивниот број да се зголеми, изјавил вработен на автобуската станица во Приштина.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска