Коѕиас: Европа да размислува на долгорочната перспектива на односите со Русија

Од:

Европа не треба да воведува нови санкции против Русија, туку треба да размислува на долгорочна перспектива за односите со Москва и да не донесува избрзани чекори, оцени денеска грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во интервју за агенцијата АНА-МПА

На средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ одржана во четвртокот во Брисел Коѕиас потенцирал дека Грција сака стабилизирање на ситуацијата и мир во Украина, но истовремено и избегнување на раскол во односите меѓу ЕУ и Русија. Министерот вели дека дебатите на средбата биле тешки и требало да се пронајде начин да се сочуваат надворешно-економските односи на Грција со Европа и истовремено да не се нарушат односите на Европа и Грција со Русија.

Коѕиас истакна дека на седницата Грција „се спротиставувала до последен момент и успеала да ги убеди повеќето дека Европа не треба да воведува трет бран санкции против Русија, односно така наречените секторни санкции, кои означуваат уништување на сектори од економијата на Русија“.

„Партнерите, кои не сакаат прекин на односите со Русија, гледаа со симпатии на нас, а ние се криеаја зад нас за време на разговорите. Други партнери, кои се категорично против вакви преговори и односи со Русија, се однесуваа критички и се дистанцираа од нас, објаснува Коѕиас.

Тој објаснува дека аргументите на средбата му биле главно политички и геополитички, а високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини го сфатила проблемот и разбрала дека „интеграцијата на ЕУ не може да се остварува преку постојана агресивност“.

– Европската унија треба да размисли да долгорочната перспектива: какви односи сака со Русија, како да се стабилизира ситуацијата во регионот, објаснува Коѕиас.

Министрите за надворешни работи на ЕУ се откажаа од воведување нови санкции против Русија, а грчката Влада тоа го нарече „значителен успех на грчката дипломатија“, одбележува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит