Коцијанчич: Посетата на Еди Рама на Србија би била добродојдена

Од:

Посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Србија би била добродојдена и покрај неодамнешните инциденти на фудбалскиот натпревар во Белград, изјави денеска во Брисел Маја Коцијанчич, портпаролка на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

– Сметаме дека посетата на Рама на Србија би била добродојдена за продолжување на процесот за помирување и унапредување на соработката во регионот, рече Коцијанчич.

Таа не сакаше да ги коментара наводите на медиумите дека од Брисел се врши притисок врз Белград и Тирана, и покрај размената на тешки зборови по инцидентот, посетата, сепак, да се реализира.

– Нашиот став е јасен: до посета треба да дојде, бидејќи таа ќе биде во интерес на сите и во согласност со обрските кои Србија и Албанија ги презедоа како земји кандидати за членство, изјави Коцијанчич.

На упорните инсистирања на новинарите од Косово и од Албанија, Европската комисија да го осуди „шовинистичкото скандирање на српските навивачи“ од трибините во Белград и наводното малтретирање на албанската делегација, Коцијанчич изјави дека останува при вчерашната изјава дека на спортските трибини нема место за политиката и дека српските власти во текот на натпреварот се однесувалепрофесионално, пренесе Танјуг.

Портпаролот на еврокомесарот за образование, младина и култура Денис Абот, пак изјави дека истрагата за тоа кој е одговорен за инцидентите на натпреварот треба да ја спроведе УЕФА, со која Европската комисија има договор за соработка.

– Не е наша работа да делиме црвени картони и да пресудуваме кој на кого треба да му се извини, а на натпреварот во Белград никој не се прослави со своето однесување, рече тој.

Абот укажа дека проблемот со расизмот, шовинизмот и насилството, за жал, е присутен на многу спортски манифестации и дека тој не може да се реши преку ноќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ