Српскиот премиер Ивица Дачиќ утре попладне во кабинетот на шефот на европската дипломатија, Кетрин Ештон ќе се сретне со косовскиот премиер Хашим Тачи за да разговараат за примената на договорот Белград-Приштина.
Очекуваме дијалог за конкретните чекори кои треба да се преземат за спогодбата што поскоро да се примени, изјави Маја Коцијанчич, портпарол на високата претставнничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност за српските медиуми.
Два састанока на ниво на работни групи посветени на примената на спогодбата што беа оддржани во меѓувреме минаа без договор за имплементација, иако шефот на белградскиот експертски тим, Дејан Павичевиќ, изјави дека во текот на разговорите минатиот петок дошло до приближување на ставовите во врска со енергетиката и телекомуникациите.
Европската комисија во април му препорача на Советот да ги отвори преговорите со Србија, но конечната одлука ќе ја донесат шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ на 28-ми јуни во Брисел, и тоа врз основа на оценката за напредокот во спроведувањето на спогодбата.