Клинтон со пофални зборови за Хрватска

Од:

Со разговорите во Загреб американската државна секретарка Хилари Клинтон, ја завршува посетата на Западниот Балкан.

„Хрватска има голем потенцијал и САД се оптимистични во поглед на нејзината иднина“, изјави Клинтон, на состанокот со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

На средбата американската државна секретарка и премиерот Милановиќ разговарале за интересот на американските компании да инвестираат, но и за очекуваниот влез на Хрватска во Европската унија.

Претходно Клинтон од турнејата низ регионот на Западниот Балкан ги посети Сараево, Белград, Приштина и Тирана.

По разговорите во Србија се очекува српскиот премиер Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи да седнат на преговарачката маса и да го решат спорот со Косово, а за возврат Србија да добие условен датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби